На 8.5.2019 година во рамките на Меѓународниот саем на книгата во Скопје се одржа трибина на темаМакедонската литература за деца и млади, на која настапија проф.д-р Мито Спасевски, проф.д-р ЕлизабетаБандиловска, проф.д-р Виолета Мартиновска, проф.д-р Христо Петрески, доц.м-р Трајче Кацаров, м-р ЕлиМаказлиева и м-р Жаклина Михајлова.

По опсежната и сеопфатна расправа тие се договорија да се огласат во јавноста со овој мал Проглас залитературата за деца и млади, со оголед на сегашната неповолна положба и бројните проблеми, аномалии ипотешкотии на овој план, а со цел истите да се подобрат, корегираат и отстранат, за во иднина оваа специфична ипрекупотребна книжевност да си го добие своето заслужено место и значење.

Најпрвин, да се промени потценувачкиот однос кон литературата за деца и млади, зашто тоа е потценувачкиоднос не само кон авторите кои неа ја создаваат, туку и кон децата и младите.

Понатаму, да се покрене и подобри вреднувањето и критичко-есеистичката мисла за овој вид литература, заштотие се маргинализирани и речиси како да не постојат И не функционираат денес кај нас.

На литературата за деца и млади и е неопходно освежување и подмладување со нови и млади автори, како изафаќање и вклучување поактуелни и пооригинални теми и мотиви кои, за жал, подолго време недостасуваат.

Македонската литература за деца и млади треба да излезе од своите локални граници и рамки, да се отвори конБалканот, Европа и светот,  при што творечки и креативно ќе се надградува, видоизменува и осовременува.

Во македонската литература за деца и млади веќе подолго време се дефицитарни новите драмски текстови,поеми, бајки, сказни и другите видови творештво за деца, па токму затоа е неопходно понатамошно нивножанровско иницирање, активирање, разгранување, збогатување и заокружување.

Да се зголеми бројот на списанијата, манифестациите и наградите за македонската литература за деца и млади,со акцент на нејзино постручно, подинамично и поперманентно инкорпорирање и во учебниците и лектирите заосновно и средно образование.

Надлежните Министерства за култура, образование, труд и социјална работа, екологија и останатите, како идругите соодвтени институции, органи и тела, да востановат долгорочна и конзистентна политика и да поведатпоголема грижа и акција за овој вид ретко и капитално творештво, бидејќи тоа е мошне битно за воспитувањетои образованието на најмладите генерации и создавањето на идните читатели.