1.Не му верував во зборовите се додека не му ги видов и делата.Сега не им верувам и на нив.

2.Поплукајте ја, не за да не ја урочите, туку дека е гола

3.После падот и остана само главата крената

4.Ако неговата несреќа се вика жена, тогаш како да ја наречам мојата

5.Му ги исправи роговите на ,,волот,, , дувајќи му во џебот

6.Се симнав од облаци, сега сум само капка во морето

7.Џабелебојадецот излезе од сенката, дури откако му го пресекоа дрвото што го крепеше

8.Љубовта е убаво цвеќе, кое цвета и мириса во сенката на самотијата

9.И подадов рака, а таа ме гризна

10.Најубава жена е таа што малку јаде, а многу молчи

11.На самата птица и челични крилја не и помагаат

12.Сите трчаа и бараа пари, никој не се сети да побара здравје

13.Презреа житото во моето поле, а јас се уште слепо му се радував на каколот

14.Светот е нагризан, дојде време да платиме за амортизација

15.Сите сме исти, се разликуваме само по бојата на мислата

16.Кој тоа таму пее, кога народот кука

17.Рече дека е месојадец, тогаш не го потенцира човекот

18.Поезијата е иста како и љубовта, од неа не може да се живее, но вреди да се живее и умре за неа

19.Не мора да пиеш, за да кршиш

20.Осаменоста е одлика на храбрите

21.Само вечно вљубените ги распознаваат ѕвездите на небото

22.Пријател ти е оној што ќе те разбере и кога молчиш

23.Не читај ми од дланките туку од очите

24.Среќата е она што го гледаме во нечии очи, додека ни зборуваат

25.Подобро прилагодлив пијаница, отколку трезен инаетчија

26.Лажливецот ја лаже околината, а инаетчијата – себе си

27.Ѕверот ни го краде лебот, а бара од нас да не ржиме

28.Спиеше на пари, а се разбуди во затвор

29.Не соголеа, а сега не судат за неморал

30.Добро изградена држава,од сите страни пријателски подадена рака, на просјаци

31Жената што лесно се купува, лесно и продава се

32.Таа беше жена на пливач, познати и беа сите стилови

33.Најдолги редици има пред тезгите со евтини производи и евтини жени

34.Убаво е што не оди со никого, но не е убаво што лежи со секого

35.Само кога ќе ме пронајдеш во себе, ќе откриеш што се крие во мене

36.Гревот е излезен од рајот, затоа нашите политичари не сакаат да бидат безгрешни

37.Златото не е чист метал, туку легура на љубов и омраза

38.И обичните луѓе, некогаш се бесмртни

39.Дури откако избега од дома, констатираа дека повеќе не е мома

40.Умреа наведнати – не стигнаа да се исправат

41.Историјата познава само едно општество, составено од два слоја- рај и пекол. Во рајот живеат богатите, а во пеколот сиромасите

42.После омразата, најмногу тежи љубовта

43.Само Бог има повеќе очи од црниот |авол

44.Кај нас градовите се заедници составени од повеќе села

45.Кога е во прашање љубовта, парите се најсилното оружје

46.Дождот е слуга на ветерот

47.И двете се исти, едната премногу зборува, другата не знае да замолчи

48.Колку и да е голема љубовта во нашите очи, за некого таа е подсмев

49.Колку и да ја разбираме љубовта, во друштво со неа, не знаеме што зборуваме

50.Најневкусни се жените што солат памет