Skip to main content
Мирјана Стојановска
УTРО ВО ФРАНКФУРТ
На малото сепаре
во хотел „Алфа“,
Франкфурт се будеше
во необично топло есенско утро.
Метроата се вкрстуваа на сите страни,
а торбите ги влечеа стотици бледи патници
со проблеми во багажот на нивните глави.
Времето трчаше пред нив
и го градеше денешниот Франкфурт
на кули и престижни трговски центри,
на Кулата на јаболковото вино,
на високата катедрала и царската палата.
Балканци
Кинези,
Сиријци и други бегалци,
а најмалку Германци
го составуваа
јадрото на денешниот Франкфурт.
Делата на Гете,
на браќата Грим и
Ана Франк
патуваат и низ ова време,
а нив ги гледаат
само оние очи
што бараат врска меѓу стариот
и новиот урбан лик на Франкфурт.
Мајна ги дели
двата брега на овој град,
железниот мост ги собира
љубовните писма на младите парови
ветени на верност и страст.
Еврејската сага
израсната во масонска пирамида
меѓу Родшилцовите банки
го носи плачот низ вековите
и таа како феникс пак се издига
до врвовите,
до боговите.
Кој ќе го спасува
денешниот Франкфурт, Берлин и Мајнц
од овој конгломерат
на нации и вери
и сиви облакодери?!
Крст и прашалник
сега се интерпункциските знаци
над германскиот свод
додека јас си играм
со шалот во бојата на ова октомвриско утро
во сепарето на хотел „Алфа“
во сивиот Франкфурт.